Судот во Вупертал, Германија, осуди тројца уценувачи на семејството на поранешниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.
Главниот обвинет Јилмаз Т.(53) се обидел да изнуди 15 милиони евра од семејството на возачот заканувајќи се дека ќе објави фотографии и видеа на даркнет, скриена страница на интернет.
Неговиот 30-годишен син Даниел му помогнал да ги испрати информациите од е-пошта која технички не може да се следи.
Трет човек, кој работеше како чувар на семејството на Михаел Шумахер до март 2021 година, му продаде на главниот обвинет, меѓу октомври 2022 и мај 2024 година, фотографии и видеа на кои е прикажан Михаел Шумахер пред и по неговата несреќа на скијање во 2013 година, која, наводно, ја копирал без дозвола додека бил вработен во семејството на возачот.
Главниот обвинет Јилмаз е осуден на три години затвор, неговиот син е осуден на една година, а 53-годишниот обезбедувач е осуден на две години условно.
Од несреќата што се случи кон крајот на 2013 година во францускиот зимски ски-центар Мерибел, Михаел Шумахер не е виден во јавноста.
Седумкратниот шампион во Ф1 се здоби со сериозна повреда на главата, помина речиси шест месеци во индуцирана кома и оттогаш се лекува во својот дом во Швајцарија.