Владимир Грчев, ученик во IX-то одделение од ООУ „Братство” во Kaрпош се закити со златен медал на 29-та Македонска (јуниорска) олимпијада по информатика.
За Владимир ова е едно од многуте признанија и медали што ги има освоено во текот на неговото основно образование. Тој има освоено по еден златен и сребрен и два бронзени медали на Македонската (јуниорска) олимпијада по информатика, потоа две бронзени медали на Европската и Балканската олимпијада по информатика, три олимписки пофалници од Балканската олимпијада по информатика за средношколци, Европската и Јуниорско балканската олимпијада.
Владимир уште како четвртооделенец се натпреварува и три пати до сега е државен првак по информатика.
Постојано учествува и на натпревари надвор од нашата земја, каде што освојува награди и медали, со што ученикот Владимир Грчев е надарено и талентирано дете кое покажува извонредни резултати и високи интелектуални способности.
– Можеме само да му посакаме да продолжи со вакви високи постигнувања на следните натпревари и олимпијади – соопштија од Општина Карпош.