Ученик во Средното уметничко училиште во Цетиње наводно се заканувал дека ќе пука во училиштето

39

Во полицијaта во Подгорица било пријавено дека ученик во цетинското средно уметничко училиште „Петар Лубарда“ се заканувал дека ќе пука во училиштето, дознава „Вијести“.

Според информациите добиени од повеќе извори на весникот, заканите ги пријавил директорот, кој информациите ги добил од други ученици и вработени во образовната установа.

„Вијести“ дознава дека полицијата постапува по таа пријава.

Еден од родителите изјави за „Вијести“ дека ги известиле дека децата утре нема да доаѓаат на настава.

ИЗДВОЕНИ