Ученик во шесто одделение донел пиштол на дијаболи и лисици со кој врзал соученик во училница

87

Ученик во шесто одделение во О.У Васил Главинов во Велес донел во училиштето пиштол со дијаболи и лисици кои според родителите најверојатно ги донел од дома. За време на одморот ученикот врзал со лисиците негов врсник и му го вперил пластичниот пиштол . Се создало паника од учениците во училницата, по што дежурната наставничка пријавила кај директорот. Била повикана полицијата, а детето го фрлило пиштолот и избегало дома. Повикани биле неговите родители и според службите во училиштето започната е постапка за одговорност. Пиштолот со дијаболи кој според законот се купува со лична карта бил однесен на вештачење од страна на полицијата. Случајот денеска не е нотиран во полицискиот билтен, а за настанот биле известени и во Центарот за социјални работи кои биле запознати со семјството на ученикот и односите во него од претходно. Загрижени родители на учениците во одделението велат дека веќе одржале родителска средба и застанале сите зад ставот дека нема да ги пуштаат децата во училиште доколку ученикот не биде префрлен во друго училиште односно не се отстрани од одделението.(П.А)

ИЗДВОЕНИ