Ученик со чекан нападнал ученици и наставници во училиште во Русија: Има повредени

18
EPA-EFE/STRINGER

Инцидент се случил во училиште во градот Челјабинск, кога ученик со чекан нападнал врсници и наставници.

Итната помош излегла на местото на настанот. Некои од нападнатите се хоспитализирани, потврди шефот на регионот Алексеј Текслер.

„Органите на редот, градоначалникот на градот и народниот правобранител за правата на децата работат на лице место“ – рече Текслер.

Тој наведува дека се уште не е јасно како ученикот го донел чеканот во училиштето и зошто обезбедувањето не реагирало.

„Им наредив на органите на прогонот, на Министерството за образование, на градската администрација и на Комесарот за правата на децата детално да ја разгледаат ситуацијата, исто така им наложив да извршат инспекциски надзор во сите образовни организации“ – вели тој.