Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ресми Ејупи, го посети ООУ „Исмаил Кемали“ во Чаир, каде што, под мотото „Јас сум новиот екохерој“, се одржа еколошка едукативна  работилница наменета за најмладите ученици, во рамките на мултимедијалната национална кампања „Позитивна промена“.

На работилницата, на учениците им беа поделени пакетчиња со игри, боенки, лепенки и со други едукативни алатки, кои ќе им помогнат, на креативен начин, да учат за важноста и за начините на селекција на отпадот. Интерактивното учење беше поткрепено со кратко видео, преку кое учениците се запознаа со начините за правилно селектирање и фрлање на отпадот.

На влезот од училиштето е трајно поставена табла со мотото „Јас сум новиот екохерој“, со која ќе се мотивираат учениците и посетителите за развивање  позитивни навики и ќе се потсетуваат дека секој од нас има важен удел во заштитата и обезбедувањето на чиста и здрава животна средина.

ИЗДВОЕНИ