Tим ученици од ООУ „Александар Македонски“ од Општина Аеродром што беа дел од натпреварот по едукативна роботика „Diamond Mall FIRST® LEGO® League“, се претставија со свој проект и ги воодушевија присутните и организаторите. На оваа STEM-авантура учествуваа над 300 деца, поделени во тимови, од цела Македонија.

– Пријатно се изненадив од креативноста и иновативноста на овие ученици. Сите тие млади иноватори, преку различни иновации, ја покажаа својата страст за решавање инженерски предизвици, како и способноста за тимска работа, што е од исклучително значење за нивниот понатамошен развој. Убаво е да се види дека има деца во Македонија што навистина уживаат во откривањето на магијата на технологијата и се наши идни инженери, кои ќе работат на сериозни проекти, а уште поважно е што нивните наставници имаат слух за нивните афинитети, посветено работат и ги мотивираат за учество на натпревари и на други вакви настани – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Тој им честита за успешноста на учениците од ООУ „Александар Македонски“, како и на сите тимови од нашата земја и им посака уште поголеми успеси, како во Македонија така и во светот.

ИЗДВОЕНИ