Учениците на новосадската гимназија „Јован Јовановиќ Змај“ утрово почнаа со блокада бидејќи бараат меѓу другото директорот на ова училиште Радивоје П.Стојковиќ јавно да им се извини на учениците и професорите и да го повлече јавното извинување на премиерот Милош Вучевиќ. Учениците, се чини, се многу сериозни во своите активности, бидејќи, како што може да се види на видеото, го спречија директорот да влезе во училиштето. Моментално е пред влезната врата, клекнат, гледа во земјата и, изгледа, се моли.
Учениците буквално го исфрлиле од училиштето и од училишниот двор каде што првично бил заедно со еден свештеник, каде исто така е виден дека се моли.
08.25h Direktor jovine gimnazije Radivoje vec sat vremena kleci od kako su ucenici gimnazije stupili u blokadu (sve ih vise) ..dosao mu i popa.. pic.twitter.com/yWt4Qw8pWn
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) December 16, 2024
Инаку, директорот на Гимназијата Јовина Радивоје П.Стојковиќ предизвика голема непријатност кај своите ученици, колеги, но и голем дел од јавноста кога му се извини на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, бидејќи учениците од ова училиште, меѓу кои и синот на Вучевиќ, излегле на 15 минути како почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад.
Гимназијата изразува длабоко извинување до претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, од учениците кои биле злоупотребени како и на нивните родители“, се вели во соопштението на управата на училиштето, потпишано од директорот.
Барањата на средношколците се, како што пишува 021.rs, директорот на гимназијата јавно да им се извини на учениците и професорите, јавно да го повлече извинувањето што му го упати на премиерот Милош Вучевиќ, да им се дозволи на учениците да излегуваат секој петок по 15 минути за да се оддаде почи на настраданите на железничката станица, без последици.