Убиството на Томпсон го разбуди гневот кон здравствениот систем во САД: Поддршка за убиецот на интернет – „бил човек од народот“

229
EPA-EFE/JUSTIN LANE

UnitedHealthcare, најголемиот американски осигурител по пазарен удел, беше цел на протести поради наводното систематско одбивање на плаќањата на пациентите претходно оваа година.

Бруталното убиство на извршниот директор на UnitedHealthcare, Брајан Томпсон, предизвика бран мрачни критики за состојбата на американските компании за здравствено осигурување – со цинична поддршка за напаѓачот, претставен како човек од народот.

Г-дин Томпсон, 50-годишен татко на две деца, беше убиен пред хотелот Хилтон на Менхетен во средата наутро кога беше застрелан од маскиран вооружен маж. Сѐ уште не е познат мотивот за нападот, а осомничениот сѐ уште е во бегство. На местото на злосторството пронајдени се три неиспукани куршуми и три чаури со зборовите – „собори“, „одби“ и „одбрани“.

Овие пораки поттикнаа споредби со книгата Delay, Deny Defend од 2010 година, која остро ги критикува осигурителните компании за одбивање на плаќањата и сугерира чекори што луѓето можат да ги преземат во такви ситуации.

Како што се рашири веста за убиството, лекарите и медицинскиот персонал го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи, критикувајќи ги осигурениците дека наводно негирале покривање на тешко болните пациенти. Една медицинска сестра на TikTok напиша: – Како медицинска сестра во Ургентниот оддел, она што го видов кога негираа осигурување на пациентите што умираат, буквално ме разболи физички. Немам симпатии кон нив поради сите тие пациенти и нивните семејства – пишува оваа медицинска сестра.

Анализата на Value Penguin покажа дека UnitedHealthcare одбива 32 отсто од барањата за плаќање, двојно повеќе од просекот во индустријата од 16 отсто и многу над Кајзер Перманенте, чиј просек е само 7 отсто.

Убиството и острите критики на UnitedHealthcare предизвикаа поширока дебата за состојбата на осигурителната индустрија.

„Осигурувањето за профит е по дефиниција паразитска индустрија“, вели еден корисник.

Томпсон беше главен извршен директор на одделот UnitedHealthcare, кој минатата година оствари приход од 281 милијарда долари и обезбеди здравствена заштита на милиони Американци. Само минатата година тој доби компензација од 10,2 милиони долари, вклучувајќи 1 милион долари основна плата, готовина и акции.

Иако сѐ уште не е познат мотивот за убиството, овој случај предизвика бурни реакции во јавноста, што укажува на подлабоко незадоволство од здравствениот систем во САД.

ИЗДВОЕНИ