Деветнаесетгодишниот напаѓач кој денеска во основното училиште „Пречко“ усмрти седумгодишно дете и рани уште три ученици и наставничка, се лечел поради психички нарушувања, а наводно и бил опседнат со оружје.
Како што дознава хрватски РТЛ, убиецот бил опседнат со ножеви и сабји. Купил и мачета долга два метри. „Овој нож не е доволно остар“ е коментар кој, меѓу останатите, 19-годишниот наопаѓач во април го оставил на интернет страница која продава ножеви.
Напаѓачот на почетокот на ноември завршил во затворениот оддел на психијатриската болница „Свети Иван“. Тоа не му бил прв пат. Тогаш ги затворил мајка му и баба му, а претходно имал обид за самоубиство. Бил склон и кон самоповредување.