Како што пренесуваат српските медиуми, тој вчера ја признал вината дека на 4 мај минатата година, во двете села убил 9, а ранил 12 лица. Во својот исказ пред судот рекол дека убиствата ги извршил затоа што го малтретирале, му упаѓале во куќата, му краделе работи, а тој се срамел да каже зашто не верувал во полицијата и судовите. На прашањето како се чувствува, Урош Блажиќ рекол дека тоа што го направил е сурово, но чувствувал дека селаните го мразат
Во Специјалниот суд во Белград вчера почна, а ќе продолжи и денеска и утре, судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот што го направи во селата Дубона и Мало Орашје во мај лани.
Како што пренесуваат српските медиуми, тој вчера ја признал вината дека на 4 мај минатата година, во двете села убил 9, а ранил 12 лица. Но, тој одбил да одговара на прашањата на претставникот на оштетените и во својот исказ пред судот рекол дека убиствата ги извршил затоа што го малтретирале, му упаѓале во куќата, му краделе работи, а тој се срамел да каже зашто не верувал во полицијата и судовите.
– Немам оправдувања, но имам причини. Во периодот пред и по Нова година користев тестостерон, рекол Блажиќ. Колку што знам, количеството на тестостерон во мојата крв не беше нормална, ја пренесува српски „Блиц“ неговата одбрана пред судот.
Потоа рекол дека извесен период работел во Германија, а кога си дошол дома не се чувствувал дека припаѓа таму и мислел дека сите го мразат, дека бил отфрлен од мештаните и селото, па продолжил да зема тестостерон.
-Еден од оштетените сакаше да ме тепа, што предизвика гнев кај мене. Земав по 2,5 милиграми тестостерон дневно, иако знаев како дејствува врз телото и психата, го земав редовно секојдневно преку нос и тоа во големо количество, се бранел Блажиќ.
Во одбраната додал дека му доаѓале пораки од луѓе кои сакале да го тепаат, да му земат сè што има и тоа, како што рекол била иницијалната каписла, иако не знае што му се случило. Рекол и дека не сака да одговара на прашања зашто психички не е добро.
Тој се ставил во одбрана на татко му, кој исто така е пред судот за поседување на оружјето најдено во неговиот дом, а татко му пред судијата се изјаснил дека е невин.
На прашањата како се чувствува, Урош Блажиќ рекол дека тоа што го направил е сурово, но чувствувал дека селаните го мразат.
На рочиштето вчера присуствувале и родителите на убиените и повредените во масакрите, кои дошле со организиран превоз, сите облечени во црни маици на кои имало порака „Живејте“.