Македонската кошаркарска репрезентација ги загуби сите шанси за пласман на Европското првенство во 2025 година, откако по вторпат беше поразена од селекцијата на Естонија со 84:68.

Избраниците на Александар Јончевски од време на време само успеваа да дојдат до егал, но тоа совршено го користеа домаќините за повторно да избегаат на пристојна позитива.

Сега, натпреварот против Полска, последен во евроквалификациите, кој е закажан за во понеделник во СЦ “Кале”, ќе биде само формалност.

ИЗДВОЕНИ