Убедени се дека се најдобри: Луѓето склони да ги потценуваат и критикуваат другите ќе ги препознаете во 3 хороскопски знаци 

49

Потценувањето на другите може да изгледа како безопасен став, но често е одраз на подлабока несигурност или груб однос кон светот. Некои луѓе имаат природна тенденција да ги критикуваат и омаловажуваат оние околу нив, дури и кога тоа не е оправдано. Според астрологијата, таквите луѓе се родени под овие хороскопски знаци.

Лав

Лавот е убеден дека неговиот престол е загарантиран, а неговата харизма и вродениот авторитет често го ставаат во центарот на вниманието. Но, токму поради ова, Лавовите понекогаш забораваат дека и другите можат да имаат одлични идеи. Зошто да слушате туѓи предлози кога тие веќе имаат свој генијален план?! Тие не се злобни, едноставно сакаат да бидат најдобри во се.

Јарец

Јарецот е симбол на дисциплина, ред и амбиција. Ако некој знае како да стигне до целта, тоа е Јарецот – или барем така мисли. Секој кој не одговара на неговиот строг стандард често автоматски се става во категоријата „несериозни“. Тие не потценуваат намерно, туку едноставно сметаат дека нивното искуство вреди повеќе од туѓите интуиции.

Скорпија

Скорпиите се страствени и проникливи, но имаат и доза на скептицизам што често ги тера да ги потценуваат другите. Тие секогаш веруваат дека гледаат подлабоко и подалеку од сите други, па автоматски претпоставуваат дека другите не се доволно снаодливи или внимателни. Понекогаш тие се премногу сомничави за да признаат дека некој друг може да има исто толку добар инстинкт.

ИЗДВОЕНИ