Ужасна несреќа во Бирмингем: Две лица се пренесени во болница, а неколкумина се повредени откако се урна рингишпил

139
Фото: принтсрин Х

Две лица се префрлени во болница, а неколкумина се повредени откако се расипа рингишпил на саем во Бирмингем, пишува Sky News.

Противпожарната служба на Вест Мидлендс соопшти дека рингишпилот „паднал на нивото на земјата“ околу 19.30 часот.

Според службата за брза помош во Вест Мидлендс, болничарите пронашле 13 лица на плоштадот Сентенари на кои им била потребна помош.

 

Две жени се пренесени во болница, но според првичните информации повредите не се сериозни, изјави портпаролката.

Уште десетина лица се прегледани и пуштени на домашно лекување.

ИЗДВОЕНИ