УАПСЕНИ ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВО НА МАЛАТА ДАНКА: Признале се!

981

Две лица се уапсени за убиството на девојчето Данка Илиќ, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тие го признале убиството.

„Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапсила две лица кои ја убиле малата Данка, а колку што разбрав и двајцата го признале тоа. Со какви чудовишта си имаме работа. Благодарам на полицијата за се“, рече Вучиќ на вонредната седница на Владата.

Тој додаде дека полицијата ги носи осомничените на местото каде што е телото на детето.

Потрагата по детето кое исчезна минатиот вторник траеше 10 дена.