Уапсени директор на здравствена установа и негов посредник за мито од 20.000 евра

53

Директор на здравствената установа е уапсен поради сомнение дека примил поткуп. Како што претходно објавија медиумите станува збор за директорот на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје, Мухсин Арифи.

Тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп во износ од 20.000 евра за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа. Од обвинителството ја потврдија оваа информација, без притоа да го откријат идентитетот.

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување за настанот, соопштија од Обвинителството.

Случајот го потврдија и од МВР.

ИЗДВОЕНИ