Уапсена мајката на детето кое се бара во Сава: Осомничена е за тешко убиство

1468
Фото: Facebook Hrvatski Crveni križ/Croatian Red Cross

По укажаната лекарска помош, 34-годишната жена е приведена и донесена во полициска управа за кривична истрага.

Полицијата во Загреб ја продолжи потрагата по тригодишното девојче кое исчезна откако во средата, на 15 јануари, вечерта нејзината мајка (34) со детето во раце влегла во реката Сава.

Потрагата по детето, која трае од синоќа, го опфаќа целиот слив на реката Сава, вклучително и подрачјето на Загреб и Загребската жупанија.

Според заменик-градоначалникот на Загреб, Лука Корлает, во операцијата учествуваат 45 припадници на полицијата и другите служби и 33 пожарникари. Потрагата вклучувала и употреба на полициски хеликоптер со камера за термо снимање, но за жал била неуспешна. Од утрото во потрагата се вклучија и пожарникари надвор од градските граници, а во потрагата учествуваат и припадници на Цивилната заштита, Црвениот крст и Хрватската планинска спасувачка служба.

Според соопштението на загрепската полиција, инцидентот се случил на 15 јануари околу 16 часот и 10 минути, кога 34-годишна жена пријавила дека со своето дете влегла во реката Сава. После тоа жената била однесена на лекарска помош, а потоа и приведена поради сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство на близок.

„Вчера, 15-ти јануари околу 16.10 часот, полицијата постапила по пријава од 34-годишна жена која со дете во рацете влегла во реката Сава кај мостот Јанкомир. На жената и била укажана лекарска помош, a биле преземени интензивни мерки за пронаоѓање на детето . По укажаната лекарска помош, 34-годишната мајка синоќа била приведен и спроведен во полициска управа за кривична истрага поради сомнение за сторено кривично дело тешко убиство на блиско лице“, соопшти полицијата.

Реката Сава се пребарува и утрово, мајката под лекарски надзор! „Приказната е страшна, страшна“, вели адвокатот на семејството

ИЗДВОЕНИ