Уапсена една од најбараните европски бегалци – падна Тања Гомез!

82
Фото: screenshot

Тања Гомез (33), една од најбараните бегалци во Европа, е уапсена на шпанскиот остров Ланзароте, соопшти денеска полицијата.

Гомез, која има шведско-шпанско потекло, е на листата на 50 најбарани на Европол од март 2021 година поради обвиненија за трговија со дрога, објави порталот Lancelot Digital.

Според шведските власти, Гомез бил дел од криминална организација со седиште во Стокхолм, а делувала како „банка“ и „менувачница“ за перење пари за шведските банди.

Покрај тоа, Европол ја поврзува и со нелегално поседување и транспорт на животни во странство.

Гомез, позната и како сопственичка на засолништето за кучиња „ХундГарин“, со години се криела на Канарските острови, а истрагата против неа се интензивирала на 7-ми февруари кога полициските власти добиле нови информации за нејзиното можно место на живеење.

По апсењето ѝ е одреден притвор до завршување на екстрадициската постапка, пренесува Танјуг. Шведските власти бараат нејзина екстрадиција и бараат казна од 14 години затвор за трговија со дрога и перење пари, Танјуг.

ИЗДВОЕНИ