EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Кадариус Тони (26) има две титули, освои два Супербола, но многу повеќе се зборува за неговите скандали и хаосот што го прави надвор од теренот отколку за неговите успеси во НФЛ-лигата. Овој пат беше уапсен и се чини дека неговата кариера може да заврши после ова, бидејќи ретко кој клуб би го сакал ова проблематично момче во своите редови.

Тони беше уапсен во Џорџија откако беше обвинет дека давел девојка. Апсењето се случи на 6 февруари, а се товари за повеќе работи. За напад, давење и попречување на полициски повици. Според информациите кои ги пренесува „ТМЗ“, Тони, наводно, ги ставил рацете на вратот на една жена за време на нивната расправија и „употребил доволно сила и таа не можела да дише“.

Исто така, се тврди дека Кадариус во еден момент ѝ го зел телефонот и ја спречил да повика помош. Имала црвени траги на вратот, а очите ѝ биле крвави од борбата за воздух. Сето ова се случило на 14 јануари, следниот ден имало распишано потерница, а тој бил уапсен само неколку недели подоцна.

Тони беше отпуштен три пати. Прво доби отказ од Кливленд Браунс по серијата грешки на деби натпреварот против Питсбург, кој го добија Стилерс. Пред тоа, тој беше трејдуван во Канзас Сити Чифс во 2022 година, но исто така беше отпуштен затоа што имаше конфликт со клубот и јавно се расправаше со нив на социјалните мрежи една година претходно. Покрај споменатите два клуба, тој играше и за Њујорк Џајантс, а двете титули ги освои со Чифси.

Тони има историја на апсења во текот на неговата кариера. Тој беше уапсен поради поседување пиштол на колеџот во Флорида. Кога беше во редовите на Џајантс, имаше шпекулации дека е член на банда, но тоа не е потврдено.

После сето тоа отиде чекор понатаму, обвиненијата против него се сериозни и се соочува со затворска казна. По неговото апсење, кауцијата беше одредена од 25.000 долари за секоја точка, а сега останува да се види дали ќе има судење или спогодба за признавање вина.

ИЗДВОЕНИ