Австриските власти уапсија четиринаесетгодишник под сомнение дека планирал напад на милитантите на виенската железничка станица Вестбанхоф, јави денеска австриската агенција АПА.
Тинејџерот бил уапсен на 10 февруари, а во неговиот дом биле пронајдени предмети кои сугерираат дека ја поддржува Исламската држава.
Извештајот следи по нападот со нож во јужниот град Филах во саботата, во кој 23-годишен сириски бегалец е осомничен дека убил тинејџер и ранил пет лица, јавува Ројтерс.