Уапсен охриѓанец, си ја запалил сопствената куќа!

82

Во понеделникот во 08.15 часот на улица „7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.Ч.(33) од Охрид, кој претходно предизвикал пожар во неговата куќа на улица „Андон Дуков“.

Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.