Уапсен кавадарчанец за убиство, ја задавил партнерката

396

Четириесет и двегодишен маж со давење ја убил својата десет години повозрасна партнерка во Кавадарци. Убиството се случило на 22 јануари, а телото на жената го пронашла нејзината ќерка. Осомничениот е приведен и се наоѓа во притвор. Дека ја убил тој, полицијата открила по направените вештачења и се обезбедени докази против него.

– ОВР Кавадарци поднесе против него кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик – „убиство“, а судија на претходна постапка од Основниот суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена. И.П. е спроведен во казнено-поправната установа Затвор „Гевгелија“ за издржување на мерката притвор – информираат од МВР.

Соседите на починатата изјавиле за локалните медиуми дека таа имала тежок социјален живот и дека осомничениот бил зависник од дрога.

 

ИЗДВОЕНИ