Уапсен Германец во Охрид: Допливал до претседателската вила и сакал да влезе во неа

199

Дваесет и две годишен Германец е уапсен во Охрид, по пливање во Охридското езеро. Како што дознава ТВ21, тој пливајќи низ езерото излегол кај претседателската вила „Билјана“, по што бил уапсен.

Настанот се потврдува и во денешниот полициски билтен.

Вчера во 13.00 часот во туристичкиот комплекс ,,Инекс“ во Охрид, полициски службеници го приведоа Р.С.(22) од Сојузна Република Германија.

Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.