Претреси во домот екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчески

1201

Финансиската полиција го привела поранешен директор на СОЗР Пеце Мирчески, кој функцијата ја обавуваше во време на владењето на СДСМ, неофицијално објавуваат неколку интернет портали.

Од Основното јавно обвинителство потврдуваат дека заедно со Управата за финансиска полиција се вршат претреси во Скопје за обезбедување на докази во предмет за кривични дела примање на поткуп, давање на поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Пеце Мирчески беше директор на Службата за општи и заеднички работи во периодот од јуни 2017 до јуни 2024 година.

Обвинителството најави повеќе детали во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ