Познатиот кошаркар Самардо Самјуелс е уапсен во саботата навечер во Милано, пренесува италијанскиот весник „Ил Џорно“. Тој предизвикал инцидент во Милано кога неговите соседи повикале полиција, а службениците го затекнале во видно алкохолизирана состојба каде правел забава „за себе“.
„Свиреше гласна музика и пиеше, а покрај себе имаше само куче Кане Корсо“, пишуваат италијанските медиуми кои забележале интересен детаљ. Дополнително, се известува дека Самуелс имал претходен проблем со семејството и соседите, поради што неколку пати морала да интервенира полицијата.
Очигледно е дека нешто се случува со поранешниот кошаркар на Партизан, бидејќи во периодот од 23 февруари до 6 март, било интервенирано пет пати, пред сè поради неговото неприфатливо однесување, а сега се очекува да биде сослушан и во полициска станица.