Уапсен е Ненад Нешиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина

40

Уапсен е Ненад Нешиќ, министер за безбедност во Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), потврдија од Обвинителството на БиХ, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Нешиќ е приведен во истрага што заеднички ја воделе Државното обвинителство и Дирекцијата за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, соопшти Обвинителството.

Освен Нешиќ, денеска се уапсени и Милан Дакиќ, директор на Јавното претпријатие „Патишта РС“, Младен Лучиќ, брат на поранешниот министер во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Милош Лучиќ и уште четири лица.

Тие се сомничат дека како управители во „Путеви РС“ и неименувана фирма сториле кривични дела: здружување за извршување кривични дела, перење пари, злоупотреба на службената положба или овластување и примање поткуп.

Нешиќ беше министер за безбедност на БиХ од 2022 година, а директор на „Патишта РС“ беше од 2016 до 2020 година.

ИЗДВОЕНИ