Во истрагата на Специјалното државно обвинителство (СДТ) на Црна Гора за шверц на цигари, повторно е уапсен првиот човек на КК Морнар, Ѓорѓије Павиќевиќ, објави подгорички „Вијести“.

Покрај Павиќевиќ, приведени се уште тројца осомничени, и ова е вторпат да биде лишен од слобода. Претходно, тој беше уапсен на 28 декември минатата година, по наредба на СДТ, под сомнение дека организирал шверц на цигари.

Тој не го признал извршувањето на кривичните дела. Инаку, Павиќевиќ е познат кошаркарски работник во регионот, во последните 10 години го направи КК Морнар добар том во регионалната лига. Тренер е неговиот брат, Михаило Павиќевиќ, кој, по првото апсење, јавно ги истакна неговите заслуги.