Уапсен 20.годишен гостиварчанец: Фрлил автоматска пушка при обид да и побегне на полицијата

12

Дваесетгодишен жител на Гостивар додека бегал од полицијата со својот автомобил фрлил автоматска пушка.

„На 06.11.2024, околу 23:50 часот, 20-годишниот Л.Ј. од Гостивар бил лишен од слобода по опасна потера со полицијата. За време на бегството, додека се движел со своето возило мерцедес со гостиварски регистарски ознаки, Л.Ј. фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми од прозорецот на возилото. Пушката била пронајдена и одземена од полицијата“, велат од МВР.