Не ѝ е лесно!
Немој некој да ми дојде мрсен, усмрден, нечешлан, со првут во косата и врз костумот. Веднаш го враќам дома, со првото такси. Кога ќе видам маж што има првут, се превртувам на столот
Малечка по раст, но секогаш без влакна на јазикот, како што често велат за „отровната“ ТВ-водителка Јована Јоцка Јеремиќ, неодамна, во текот на Утринската програма за малку ќе избркаше некои од гостите во ТВ-студиото. Беа исклучиво мажи, неуредни, извалкани, со мрсна коса, со првут на јаката од костумот.
– Кај мене во емисија сите гости мора да бидат пицикато средени. Не велам дека треба да е тоа нешто скапо и модерно, но мора да бидат измиени, чисти, мирисливи, да пукаат од хигиена. Зошто го барам тоа? Затоа што гледачите ги заслужуваат најсредените гости. Немој некој да ми дојде мрсен, усмрден, нечешлан, со првут во косата и врз костумот. Веднаш го враќам дома, со првото такси. Кога ќе видам маж што има првут, јас се превртувам на столот. Никогаш повеќе да не ми се појави таков, не само во ТВ-емисија туку и во овој мој живот – раскажа зборлестата Јована.
– Такви лоши ситуации ми се случија два-три пати, со еден гостин. И најпосле му кажав. Колку и да ми носеше гледаност, не го поканив повеќе во емисија. Кога ќе видам неуреден маж, јас не можам да седам спроти него. Тоа, едноставно, го загрозува моето енергетско поле. Многу ми се допаѓа кога мириса мажот убаво, кога е избричен, кога е навистина среден, кога нема раскопчана кошула од која му ѕиркаат оние мајмунски влакна. Мошне одвратно! Но, ете, и ако има брада, нека е негувана. Не сакам апа-драпа мажи. Сакам алфа-мажјаци! Да ми се јават пеперутки во стомакот, додека ја водам емисијата.
Инаку, оваа необична водителка извесно време ужива во љубов со бизнисменот Драган Станковиќ, со кого наскоро планира да направи свадба.
– Нема да имам класична венчаница. За мојата втора свадба, бидејќи веќе имав една, одлучив да облечам костум, и тоа специјално дизајниран за мене. Ќе биде со боја на шампањ, со златни циркони и златни детали. Ќе изгледам брутално, во согласност со мојот темперамент – изјави Јована и пак ги остави сите без соодветен коментар. (Д. М.)