Тужби за корисниците што не ги платиле сметките за извршените услуги

10900

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ги известува сите физички и правни лица на територијата на Општина Охрид што ги користат нивните услуги, дека во периодот што следува, заклучно до 31 декември, ќе пристапи кон поднесување тужби за сите фактурирани, а неплатени сметки.

Од претпријатието упатуваат повик до сите физички и правни лица што ги користат услугите на јавното претпријатие, да пристапат кон доброволна исплата на долгот што го имаат кон јавното претпријатие за да не бидат изложени на дополнителни трошоци, настанати со поднесените тужбени побарувања.

Оттаму посочуваат дека корисниците може да го намират долгот и преку системот за електронска наплата и со онлајн плаќање, со кредитна или со дебитна картичка, без провизија.

– Со оваа услуга, корисниците имаат увид во неплатените месечни сметки и брзо, лесно и сигурно може да ги платат – потенцираат од ЈП „Охридски комуналец“.

 

 

ИЗДВОЕНИ