Турски туристи спасени откако се изгубиле кај езерото Матка

19

Турски туристи кои се наоѓале спроти ресторанот „Кањон Матка“ синоќа безбедно се префрлени преку езерото. Центарот за управување со кризи денеска информираше дека вчера на бројот 112 е добиена пријава од нив дека не можат да се движат во мракот и дека им е потребна помош за да преминат од другата страна каде се наоѓа ресторанот и пешачката патека.

– За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека за ова веднаш биле известени ПС Сарај и Општина Сарај и според повратните информации за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка, информира ЦУК.

ИЗДВОЕНИ