Турски државјанин со рент-а-кар џип криумчарел мигранти од Египет

42

Гевгелиската полиција уапси 26-годишен турски државјанин кој превезувал мигранти. Мажот е уапсен по полициска потера, откако не се застанал на полициски знак.

„На 12. април, околу 23:45 часот, при контролата на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија, полицијата запрела возило марка „киа спортаж“, кое било во сопственост на „рент-а-кар“ компанија од Скопје.

При претрес на возилото откриени се шест мигранти од Египет кои се превезувале без документи. Турскиот државјанин, идентификуван како Б.О. бил приведен и предаден во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка. Мигрантите биле упатени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, каде што ќе се прими нивната документација и ќе им се обезбеди понатамошен статус.

За настанот е информиран и надлежниот јавен обвинител, а полицијата продолжува со истрагата.

ИЗДВОЕНИ