Турската амбасада во Дамаск во сабота повторно ќе биде отворена

133
EPA-EFE/Domenic Aquilina

Турската амбасада во Дамаск повторно ќе биде отворена во сабота, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, додавајќи дека дипломатската делегација заминала за Сирија.

„Сакаме да видиме Сирија без терор, каде што малцинствата не се малтретирани. Сакаме инклузивна влада во Сирија“, рече тој во интервјуто емитувано на НТВ, пренесе Ројтерс.

Тој изјави дека бројот на Сиријци кои се враќаат во нивната земја од Турција постепено ќе се зголемува како што Сирија ќе се стабилизира.