View of the bay and snow-white houses of the ancient city of Lindos on the Greek island of Rhodes, view of the Aegean Sea, the islands of the Dodecanese archipelago, Europe

Земјите ширум светот воведуваат нови даноци за да ги зголемат приходите, да го заштитат културното наследство од прекумерен туризам или подобро да управуваат со бројот на туристите, а од оваа година им се придружи и Грција.

Новите даночни стапки за отпорност на климата (одржливост) во Грција стапија на сила на 1 јануари 2025 година и овој данок го замени данокот за престој.

Како што пишува грчкиот инфо портал, данокот т.е. надоместокот за отпорност на климата ја замени поранешната туристичка такса и се бара да се наплаќа од гостите од сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција.

Како и досега, таксата се наплаќа за гостите посебно во повеќето хотели и сместувачки комплекси и не е вклучена во цената на одморот. Во некои сместувачки капацитети, сопствениците го преземаат овој трошок, така што данокот е веќе вклучен во цената и не се наплаќа дополнително.

Данокот за отпорност на климата се пресметува како фиксен износ на ден и по сместувачка единица – не по лице.

Во зависност од видот на сместувањето, тоа изнесува:

2 € по сместувачка единица на ден за хотели со 1-2 ѕвезди, соби, студија, апартмани (стара цена 1,5 €)

5 € по сместувачка единица на ден за хотели со 3 ѕвезди (стара цена 3 €)

10 € по сместувачка единица на ден за хотели со 4 ѕвезди (стара цена 7 €)

15 € по сместувачка единица на ден за хотели со 5 ѕвезди

8 € на ден за одвоени вили помали од 80м2

15 € на ден за посебни вили поголеми од 80м2

Данокот за отпорност на климата не се плаќа во камповите.

Пример: Данокот за отпорност на климата за сместување во апартмани или студија за целото семејство за 10-дневен одмор ќе биде 20 евра.

Пример: Данокот за отпорност на климата за сместување во апартмани или студија за целото семејство за 7-дневен одмор ќе изнесува вкупно 14 €.

Пример: Данокот за отпорност на климата за сместување во хотел со 4 ѕвезди за целото семејство за 10-дневен одмор изнесува вкупно 100 евра.

Данокот се плаќа при одјавување од сместувањето – непосредно пред поаѓање. Сопственикот или управителот на сместувањето или хотелот ќе ви издаде посебна потврда за уплата која содржи: датум на издавање, име на лицето на кое му е издадено сместувањето, датуми на престој, висина на надоместокот.

Ниту една официјална институција во Грција нема објавено известување дека плаќањето на таксата ќе се проверува на граничните премини. Во секој случај, чувајте ја потврдата додека не ја напуштите земјата.

Данокот се плаќа по сместувачка единица дневно, без разлика на бројот на луѓе.

Колку данок ќе платат патниците на крстарењата?

Во однос на таксата за патниците на крстарење, најавено е дека ќе биде 20 евра за патниците кои се симнуваат на Миконос и Санторини и 5 евра за другите пристаништа, а цените важат од 1 јуни до 30 септември 2025 година. Данокот ќе се намали за 40 %, односно до 12 евра и 3 евра во април, мај и октомври и за 80% од ноември до март, односно до 4 евра и 1 евро.

ИЗДВОЕНИ