Турција прогласи ден на национална жалост – истрагата за пожарот во хотелот во Каралкаја е во тек, има и уапсени

31
Фото: screenshot X

Турција прогласи ден на национална жалост по трагичната смрт на 66 лица во пожарот што избувна во хотел во провинцијата Болу.

Министерот за правда Јилмаз Тунч на социјалните мрежи објави дека државното обвинителство во Болу започна сеопфатна и темелна кривична истрага за пожарот во хотел во Карталкаја, во кој, според последните информации кои постојатно се менуваат, животот го загубија најмалку 78 лица, а 51 лице беа повредени.

„Во рамки на истрагата, предводена од шест државни обвинители, уапсени се четири лица, меѓу кои и сопственикот на зградата. Стручен тим од пет вештаци ја продолжува истрагата за утврдување на причините за пожарот, а се работи и на утврди можната одговорност“, рече Тунч.

Тој додаде дека секој чекор од истрагата се спроведува со големо внимание и чувствителност.

„Уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на нашите граѓани кои ги загубија животите во оваа трагедија, на повредените им посакувам брзо закрепнување и ги упатувам зборовите на поддршка до сите граѓани погодени од пожарот. Се надевам дека ваква несреќа никогаш повеќе нема да се случи“, рече Тунч.

ИЗДВОЕНИ