Турција продолжува да ја поддржува Македонија со цел на зараснување на раните по трагичниот пожар во Кочани. Откако на 16 март, деветмина ранети кои беа во тешка состојба беа испратени на лекување, по барање на македонските власти, вчера, уште тројца млади кои беа пренесени во болницата Чам и Сакура во Истанбул. Турскиот амбасадор Фатих Улусој ги придружи ранетите на Меѓународниот аеродром при нивното заминување од Скопје.
Во моментов, во Турција се лекуваат вкупно 12 повредени, од кои шестмина се во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул, додека другите шестмина во болницата „Билкент Шехир“ во Анкара.
И заменик-министерот за надворешни работи и главниот преговарач со ЕУ Мехмет Кемал Бозај изрази сочуство до целиот народ на Македонија за изгубените животи во трагичниот настан во Кочани. Како што информираат од турската амбасада, Бозај во интервју за емисијата “Across the Ballkans” емитувана во TRT World се осврна на трагичниот настан.
„Како земји од регионот континуирано се помагаме меѓусебно. Како што се сеќавате, Северна Македонија по разорниот земјотрес, кој ја погоди нашата земја во 2023 година испрати тимови за спасување. Така и ние веднаш по овој трагичен настан испративме авиони и 9 државјани на Северна Македонија ги пренесовме во Туркије за лекување. Во оваа пригода уште еднаш изразувам длабоко сочуство до целиот народ на Северна Македонија и им посакувам брзо заздравување на ранетите“ – рече Бозај.