Турција ја зафати леден бран: Во Голе регистрирани минус 33,8 степени Целзиусови

77

Откако во Турција со денови непрекинато паѓаше снег, под влијание на ледениот бран од Сибир, викендов на многу места се забележани двоцифрени минусни температури, а властите ги предупредија граѓаните да не излегуваат непотребно надвор, особено постарите и децата.

Во планинскиот град Голе во Ардахан во саботата моќта е измерена ниска температура од минус 33,8 степени, а во селото Безирхане во областа Ванс била 28,7 степени под нулата, пренесе Хаберлер.

Во Ерзурум, каде температурата на воздухот беше минус 27,2 степени, сè беше покриено со мраз – улиците, а замрзнаа и прозорците на возилата и зградите. Според турските медиуми, температурите во некои турски провинции се измерени под минус 20 степени.

Во Истанбул падна снег, сообраќајот беше забавен, училиштата беа затворени, па дури и поморскиот сообраќај беше во прекин.

Сите служби за итни случаи во земјата дежураат 24 часа. Според прогнозата, времето ќе се промени од вторник, кога се очекува температурите во Турција да бидат над нулата, а од четврток се очекува скок на температурите за повеќе од десет степени.

ИЗДВОЕНИ