EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Со драматична победа над Чешка (2:1) во последното коло од групата, селекцијата на Турција се пласираше во осминафиналето на Европското првенство и во елиминациската фаза ќе игра против селекцијата на Австрија. Но, во исто време тоа ги налути домаќините на ЕП, а причината за тоа е што Турција со авион отпатувала од кампот во Хановер до Хамбург, каде штосе играл натпреварот, иако двата града се оддалечени само 132 километри.

Споменатата рута би можела да се помине брзо со автобус или воз. Германците се лути по ова бидејќи УЕФА го промовира актуелното ЕП како еколошки најодржливо првенство во историјата. Вернер Рех од германската федерација за заштита на животната средина и природата вака го коментираше потегот на Турците: „Сосема бесмислено и непотребно“.