Турбулентиот развод веќе е минато: Најпосакуваниот ерген во Холивуд „уловен“ во друштво на мистериозна жена/ФОТО

86

Познатиот актер Кевин Костнер отсекогаш важеше за еден од големите заводници, но неговата популарност драстично се зголеми по разводот со Кристин Баумгартнер.

Набргу потоа се појавија гласини дека Костнер е на мета на Џеј Ло, а латино дивата наводно била воодушевена од неговиот изглед, но се останало на ниво на озборување.

Сега актерот беше фотографиран со непозната жена на ручек во Лос Анџелес и сите веднаш почнаа да се прашуваат дали можеби тој започнал нова врска.

Како што пренесува Page Six, Костнер седел со асистентка со кој работи две години и имале деловен ручек.

 

Тие понатаму наведуваат дека сега актерот го поврзуваат со секоја жена бидејќи е најпосакуваниот ерген во Холивуд.

По малку турбулентниот развод, Кристин Баумгартнер набрзо најде утеха во пријателот на Костнер, Џош Конор, а се шпекулираше дека таа го изневерувала со него додека биле во брак, пишува Superwoman.

Очигледно наскоро би требало да се венчаат.

Интересно е и тоа што Кристин за време на разводот сакаше што повеќе пари во име на децата, па меѓу другото изјавила дека на нивните деца им е врежан луксуз во ДНК.

ИЗДВОЕНИ