Тура „По ливадите на Љубанци“

31

Здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ в недела ќе организира тура „По ливадите на Љубанци“. Стартот на турата е од последната автобуска станица во селото Љубанци, во 9:45 часот, а движењето е по дел од патеката на костените, сè до Дубарковац и надолу кон црквата „Св. Никола“ во Љуботен и Љубанци.

Турата е средно тешка, долга е 10 километри, со висинска разлика од 500 метри. До Љубанци може да се дојде со сопствен превоз или со автобусот со број 47, кој тргнува од Транспортен центар во 9:10 часот, а автобус за назад има во 16:30 часот. Од опрема се потребни: разгазени гојзерици, облека во слоеви за заштита од студ и ветер, кабаница за заштита од дожд или снег, стапчиња за помош при движење по патеката, вода и храна според своите потреби.

ИЗДВОЕНИ