Во Собранието на Србија дојде до физичка пресметка меѓу пратениците откако опозиционерите прво кренаа транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обидоа физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнаа членовите на Владата.
Пратениците од владејачкото мнозинство на Вучиќ застанаа во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имаше жестоко туркање. Пратениците од опозицијата им извикуваа „Убијци, убијци“, мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на настрешницата на реконструираната железничка станица, што доведе до серија протести во Србија.
SNS.Sramota Srbijeje razvila transparent da oni grade a žuti kradu. O Sunce ti kalajisano……….!
Je li ovo prerijsko goveče što se tiče u Skupštini. pic.twitter.com/QKObClnvhN— Darko@Darko0209 (@darko02091) November 25, 2024
Ситуацијата се смири по десетина минути, кога меѓу конфротираните страни се симна претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ и ги упати пратениците од владејачката коалиција на нивните фотелји.
https://twitter.com/i/status/1861035276312711230
Во исто време дојде до физички конфликт во галеријата на собраниската седница каде што пратениците на СНС го развија транспарентот „Жолтите крадци (ДС) сакаат војна, Србија сака работа“. И пред говорницата продолжи туркањето и физичкиот контакт меѓу претставниците на власта и опозицијата, како и на некои министри. Прво дојде до туркање, а потоа и физичка пресметка меѓу Бојан Торбица од Движењето на социјалистите (Вулин) и претседателот на ССП, Драган Ѓилас.
За време на инцидентот во собранието се слушааа вувузели и свирежи.
https://twitter.com/i/status/1861020449733279983
После тоа, опозицијата внесе голем бел транспарент со „крвава рака“ во салата, кој го поставија пред говорницата, додека еден пратеник не се обиде да им го грабне транспарентот, по што повторно избувна конфликт.
Funkcioner i narodni poslanik Srpske napredne stranke Igor Bečić nasrnuo je u skupštinskoj sali na poslanicu @SlobodaIPravda – @MarinikaTepic! pic.twitter.com/lbicotJGse
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 25, 2024
По смирување на ситуацијата, пратениците од опозицијата го попречуваа презентирањето на предлог-буџетот на српскиот премиер Милош Вучевиќ на говорницата, кон која пријдоа неколку пратеници кои свиркаа и носеа транспаренти на кои пишуваше „рацете ти се крвави“.
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, по инцидентите даде пауза и ги повика пратеничките групи на консултации.