EPA-EFE/STRINGER

Хрватската ватерполо репрезентација ја совлада Црна Гора на почетокот од олимпискиот турнир во Париз. По мечот, тренерот на „коцкестите“, Ивица Туцак, жестоко го критикуваше организаторот за исхраната на спортистите. Селекторот на актуелните светски шампиони и европски вицешампиони се обиде да сопре и да не ги каже сите валкани работи од Олимпиското село, но истакна дека храната е многу лоша.

  • Има многу малку одмор. Ајде сега да одиме да јадеме нешто во „хрватската куќа“, бидејќи храната во Олимпиското село е катастрофална. Кога ќе завршат Олимписките игри, ќе дадам свој осврт за сè, засега сум фокусиран на натпреварите. Ако треба спортистите да јадат паштета и кашкавал, тогаш не знам што е поентата да одиме да јадеме во Олимпиското село. Ајде да  вкусиме месо! Единствено што ни треба во Олимпиското село се добра храна и добар кревет, а таму го нема ниту едното ниту другото. Едноставно нема услови за спортистите – изјави Туцак, а пренесува „Вечерњи лист“.

Хрватска игра во групата А и се натпреварува во Сен Дени. Покрај на натпреварите и на нападот на златниот медал, се фокусира и на храната од „хрватската куќа“.

Туцак ќе продолжи да ја подготвува репрезентацијата за натпреварите против Италија утре, Романија на први август, Грција на трети и САД на 5 август. Четири репрезентации ќе се пласираат во четврт-финалето.