На 11-та меѓународна конференција за човечки ресурси на тема „Човечките ресурси – катализатор на трансформацијата“,на ТТК Банка АД Скопје ѝ беше доделено одликување/амблем за „People-Oriented Company”. Одликувањето го прими претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Драгољуб Арсовски.

На конференцијата во хотелот „DoubleTree by Hillton“ во Скопје присуствуваа повеќе од 300 македонски сопственици на компании, извршни менаџери и раководители на оддели за управување со човечки ресурси.

Конференцијата беше организирана од Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) којашто е  стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение кое, во рамки на своите цели, врши дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција на управувањето со човечките ресурси, како и унапредување на професијата управување со човечки ресурси во земјата. Со цел да им овозможи на компаниите што имаат организациски делови за управување со човечки ресурси континуирано да инвестираат во развој и унапредување на своите вработени, од оваа година МАЧР воведе можност за корпоративно членство во асоцијацијата.

 Свесна за тоа дека човечките ресурси се највредниот капитал со кој располага, ТТК Банка АД Скопје, меѓу првите компании, ја прифати поканата и стана корпоративна членка на Асоцијацијата, за што во знак на благодарност ѝ беше доделено одликувањето/амблем за „People-Oriented Company”.

     Со доделениот амблем ѝ се оддава признание на Банката дека придава големо значење на професијата менаџмент/управување со човечки ресурси и дека претставува работодавач кој е свесен за значењето на човечкиот капитал, работодавач кој ги почитува стандардите во управувањето со луѓето и кој дејствува во насока на унапредување на професијата менаџмент со човечки ресурси во Македонија.