Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека коментарите на новоизбраниот американски претседател за евентуално припојување на Канада се тактика со цел да се одвлече вниманието на луѓето од влијанието на царините што Доналд Трамп предупреди дека има намера да ги воведе.
Трудо изјави за Си-Ен-Ен дека ако Трамп го следи својот план да воведе царина од 25 проценти на целиот увоз од Канада, „сè што американските потрошувачи купуваат од Канада одеднаш ќе поскапи многу“.