Доналд Трамп не се шегува кога вели дека би сакал да ја направи Канада 51. држава, изјави премиерот Џастин Трудо, додавајќи дека плановите за анексија на американскиот претседател се поврзани со снабдувањето со критични минерали.
Трудо го забележа ова пред повеќе од 100 бизнисмени, работнички и индустриски лидери кои беа поканети на економски самит во Торонто, организиран од владата и нејзиниот советодавен совет за односите меѓу Канада и САД.
Неговите коментари за Трамп беа дадени зад затворени врати, откако новинарите беа изведени од собата, но публиката на „Торонто Стар“ можеше да го слушне Трудо бидејќи аудиото ненамерно беше емитувано.
-Тие се многу свесни за нашите ресурси, за она што го имаме и тие многу сакаат да можат да имаат корист од нив. Но, г. Трамп има на ум дека еден од најлесните начини за тоа е да ја апсорбира нашата земја. И тоа е реалност, пренесува канадскиот дневен весник „Нејшнл обзервер“.