За време на говорот во канадскиот парламент, премиерот Џастин Трудо рече дека Канада веднаш ќе започне со примена на царини за американски стоки во вредност од 30 милијарди долари.
Трудо најави дека за 21 ден ќе бидат воведени царини за преостанатите 125 милијарди долари во американски производи како одговор на тарифите наметнати од администрацијата на Трамп, пишува „Си-Би-Ес њуз“.
На прашањето дали размислува да го оданочува извозот на нафта, гас и калиумова сол во САД, Трудо одговори дека ниту еден дел од земјата не треба да носи поголем товар од другите. „Најважното нешто во овој момент, поважно од било што друго, е Канаѓаните да останат обединети. „Ова е време да се здружиме“, рече Трудо, пренесе Танјуг.
Премиерите на канадските провинции го изразија своето противење на оданочувањето на извозот на нафта и гас.