Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Хрватска меѓу Сатница Ѓаковачка и Потњан, загинаа три лица, меѓу кои две деца, додека други две лица се повредени, соопшти полицијата.
Несреќата се случила на државниот пат Д515 на 16 април околу 21 часот и 35 минути, кога 44-годишен возач на автомобил, возејќи од правец на Сатница Ѓаковочка кон Потњани, изгубил контрола над возилото.
Според полициските информации, кога возачот стигнал до благ десен свиок, удрил во банкината, а потоа нагло свртел лево, при што автомобилот се излизгал. Возилото преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со друг автомобил со ѓаковски регистарски таблички управуван од 36-годишен маж“, пренесува Индекс.
Децата на возраст од 8 и 10 години, кои се наоѓале на задното седиште во возилото, починале на местото на настанот. Возачот (44) починал на пат кон болница. Во другото возило со полесни повреди се здобиле 36-годишен возач и 34-годишен сопатник, потврди полицијата.
„На интервенција излеговме со едно возило, две лица останаа заробени во возилото. Моравме да го пресечеме лимот и двете лица со брза помош се однесени на понатамошно лекување, рекоа од полицијата на Ѓаково.