Тројца припадници на Армијата полесно повредени во сообраќајката на патот Штип-Кочани

116

Денеска на патниот правец Штип-Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел, информираат од АРМ.

Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања.

На лице место се излезени МВР и припадници од Воената полиција.

ИЗДВОЕНИ