Наместо да има нов и модерен лунапарк во Градскиот парк, површината на која требаше да се гради сега е запуштена. Може само да се видат покриени реквизити, зачувани од старите и една куќарка што е пред распаѓање. Единствено е направена големата влезна врата и се поплочени одредени делови. Од она што може да се забележи, ништо не најавува дека наскоро на местото на стариот забавен парк скопјани ќе имаат нов, иако скопските градоначалници Коце Трајановски, Петре Шилегов и Данела Арсовска го ветуваа тоа. Последниот даден одговор од Град Скопје беше дека се во тек градежните работи за партерно уредување и постапката за набавка на нови реквизити, согласно со проектот за забавниот парк. Спротивно на тврдењето, сликата од терен покажува сосема нешто друго
Наместо да има нов и модерен лунапарк во Градскиот парк, површината на која требаше да се гради сега е запуштена. Може само да се видат покриени реквизити, зачувани од старите и една куќарка што е пред распаѓање.
Единствено е направена големата влезна врата и се поплочени одредени делови. Од она што може да се забележи, ништо не најавува дека наскоро на местото на стариот забавен парк скопјани ќе имаат нов, иако тројцата скопски градоначалници Коце Трајановски, Петре Шилегов и Данела Арсовска го ветуваа тоа.
Од Град Скопје молчат за тоа каде е изградбата на новиот лунапарк. Што е изведено досега и што останува понатаму да се доработи? Дали до истекувањето на мандатот на градоначалничката ќе биде готов лунапаркот? Кога може да очекуваат скопјани дека ќе профункционира лунапаркот? Последниот даден одговор од Град Скопје беше дека се во тек градежните работи за партерно уредување и постапката за набавка на нови реквизити, согласно со проектот за забавниот парк, но кога ќе биде готов и пуштен во употреба, останува непознато. Спротивно на тврдењето, сликата од терен покажува сосема нешто друго.
Скопјани коментираат дека би било убаво барем да биле оставени да функционираат старите реквизити и оти е срамно што една метропола како Скопје нема лунапарк. Очекуваат што побргу да се направи за најмладите да не ја пропуштат забавата со која растеле тие.
– Некои никогаш нема да имаат можност да ги доживеат тоа чувство и таа убавина од нашето прекрасно детство. Забава и уживање и за децата и за младите, а и возрасните се забавуваа во лунапаркот. Сега ќе ни останат само спомените на едни прекрасни времиња – вели Марина Јовеска.
– Останаа само спомените на ова убаво место за забава – коментира скопјанка.
Мара Стевановска се сеќава со носталгија, нагласувајќи дека забавниот парк бил преубав.
– Сега е руина, децата најмногу таму си ги шетавме – истакна таа.
Соња, пак, додава дека нејзините деца едвај чекале да дојдат сабота икна таа. недела за да се забавуваат во него.
– Вовчето, количките (ги викаа бубкали, дека ги возеа, и се удираа со нив), тркалото со гондолите, рингишпилот со коњчиња… Мераци! – потенцира таа.
Лунапаркот почна да се гради во април 2017 година, во мандатот на Трајановски, по идеен проект на „Билд урбан“, а неговата изградба беше проценета на околу 6,5 милиони евра и требаше да се гради етапно. Според проектот, во паркот требаше да има 27 реквизити, од кои три адреналински, шест семејни и 18 детски, но и лулашки, вртелешки и тобогани. Во текот на мандатот на Трајановски, беа донесени 7 направи за лунапаркот, од кои 4 адреналински, но засега тие се складирани.
Шилегов го запре тоа што го започна неговиот претходник, со образложение дека не е добар проектот и најави изградба на нов, поголем забавен парк, според нов проект што беше претставен две години подоцна. Поради пандемијата со коронавирусот, изградбата на забавниот парк речиси се заборави, а повторно стана актуелна како предизборно ветување на локалните избори во 2021 година, кога ја ветуваа и Шилегов и Арсовска. Шилегов тврдеше дека проектот за лунапаркот е готов, дека се обезбедени и средства и, како што најавуваше, забавниот парк требаше да се наоѓа на истата парцела како и стариот и во него да бидат сместени 27 реквизити, а меѓу нив и најголемиот ролеркостер на Балканот.
Арсовска, пак, во својата предизборна кампања, го смести лунапаркот во 16. приоритетни проекти во Скопје и тој требаше да се реализира во првите две години од нејзиниот мандат. Ветуваше дека ќе биде најдобриот лунапарк на Балканот и дека, покрај него, во Скопје ќе се изградат уште два нови забавни парка, едниот во Општина Гази Баба, на потегот кон Општина Чаир, како и во Аеродром, преку соработка со општинските власти и процес на јавно-приватно партнерство. Потоа релациите со општинските власти во кои градоначалниците се луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, се прекинаа, па двата дополнителни забавни парка повеќе не беа ни споменати.
Пред речиси две години, градоначалничката информираше дека се обезбедени сите документи, дека ќе се започне со постапката за обезбедување дополнителен број реквизити за новиот лунапарк, дека ќе се расчистува теренот, дека ќе се поставуваат постаментите и дека ќе се гради сето она што треба да биде обезбедено како инфраструктура за предмонтажа на реквизитите. Таа тогаш вети дека ќе бидат поставени и седумте реквизити што беа донесени во времето на Трајановски.
(А.П.) – Фото: Ѕвонко Плавевски