На претпоследниот ден од јануари 2025 година, светот беше шокиран од веста за падот на патнички авион во САД, а од неа беше погодена и Русија бидејќи несреќата ги однесе животите на некои од нејзините легендарни шампиони. Откако прво беа обелоденети две имиња, на крајот се покажа дека во трагедијата животот го загубија 28 лизгачи, нивните родители и тренери.

При слетувањето на националниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон во средата вечерта, патнички авион со 64 лица се судри со воен хеликоптер со тројца војници и се урнал во реката Потомак.

Меѓу оние во авионот имаше и некои учесници на американското национално првенство во уметничко лизгање, што се одржа во Вичита.

Агенцијата ТАСС прво објави дека во авионот биле Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, легендарни лизгачи од последната деценија на 20. век.

Шишкова (52) и Наумов (55) ја освоија титулата светски шампион во 1994 година, како и сребрени и бронзени медали на Светското првенство во лизгање во парови. Тие исто така освоија сребрени и четири бронзени медали на Европските првенства, како и титулата Гран-при на меѓународната лизгачка унија во сезоната 1995/1996 година.

По завршувањето на спортските кариери се посветија на тренерската работа и од 1998 година живееа и работеа во САД.

Тогаш руската новинска агенција РИА Новости откри дека во авионот била и Ина Вољанскаја, бронзена медалистка на националното првенство на СССР.

Татјана Тарасова, најпознатиот руски стручњак во уметничко лизгање и „креаторот“ на многу асови во овој спорт, едвај се опорави откако ја слушна оваа вест.

  • Таа (Ина) беше моја ученичка, моја љубов. Јас сум кума на нејзиното дете! Кошмар… Мое сочувство до сите семејства, најблиски и Федерацијата за уметничко лизгање на САД. Не знам што друго да додадам, изјави потресена Тарасова за „Чемпионшип“.

Американските медиуми додаваат дека меѓу жртвите се следните осум лизгачи: Спенсер Лејн, Џина Хан, Еди Џоу, Франко Апарисио, сестрите Еверли и Алидија Ливингстон, Шон Кеј и Анџела Јанг.

По тој повод, на потресен начин се јави и Федерацијата за уметничко лизгање на Соединетите Американски Држави. Овој понеделник објави потресно видео од младите ѕвезди чии животи беа згазени во споменатата трагедија.

ИЗДВОЕНИ